Во врска се 14 години, а невозможно е да ги видите заедно во јавност: Божицата на убавината откри поради што го „избегнува“ згодниот сопруг

Кармин

08/05/2025

11:27

3.337

Големина на фонт

а а а

Тие важат за еден од најмистериозните и најзаљубени холивудски парови. За неа многу од мажите воздивнуваат ширум светот, додека пак него многу припаднички на понежниот пол со години го сметаат за најсексапилен актер.

Сепак, Ева Мендес и Рајан Гослинг не сакаат заедно да се појавуваат на црвениот тепих, а ниту на улица.

Долго се веруваше дека ја започнале романсата на снимањето на филмот „Местото зад боровите“ во 2011 година, а потоа Ева на Инстаграм напиша:

„Не се запознавме на сет. Магијата започна многу претходно“.


Кога и да започнала нивната љубов, Рајан Гослинг од тој момент стана персона нон грата за другите мажи затоа што ја „украде“ една од најубавите жени и божица на убавината од нив.

Ева во март го прослави својот 51 роденден, но и натаму важи за сексапилна жена. За жал, таа од светот на глумата се повлече за да се посвети на семејството и нема баш никакви назнаки дека во скоро време би се вратила на професијата.

Последен филм во нејзината кариера беше родителското деби со нејзиниот сопруг, трилерот „Изгубената река“ од 2014 година.

„Никогаш не сум била вљубена во глумата. Не сакам да звучи како да се потценувам, но не сум добра актерка. Имав добри моменти само кога работев со навистина талентирани луѓе“, изјавила Ева.

Таа најмногу се гордее со проектот на којшто глуми со Гослинг:

„Тој од мене успева да извлече нешто што претходно не ми било достапно“, објаснила преубавата актерка која во меѓувреме основала фирма за чистење и напишала книга за деца.

И, додека нивните колеги имаат дворци, вили и приватни авиони, Ева и Рајан со ќерките Есмералда и Аманда живеат во двособен стан, сами го средуваат својот дом, готват и ги воспитуваат децата. Без мобилни телефони, таблети, телевизори и останато што би можело да влијае на нивниот развој.


Ева на социјалната мрежа Инстаграм има над 6,6 милиони следбеници кои често умеат да ѝ постават прашања, не надевајќи се на одговор.

Меѓутоа, една обожавателка успеала да се изненади кога прашала зошто не споделува повеќе фотографии со Рајан и порачала дека сака да ги види заедно на црвениот тепих. 

„Благодарам, но ние не ги правиме тие работи заедно. Сите фотографии кои ги објавувам веќе постојат, јавноста ги видела, така што не ми е непријатно да ги објавам“, одговорила Ева.

Сепак, со сопругот се појавила на црвен тепих. Еднаш, одамна... Кога го промовирале нивниот прв заеднички филм, а после тоа главно го гледавме само актерот.


„Кога ќе кажам дека ми е непријатно да објавувам фотографии, тоа е така зошто не сакам да го изложувам нашиот приватен живот којшто и двајцата многу го цениме. Сепак, и натаму умирам од желба да направам уште еден филм со него“, изјавила актерката.

Да, тие се совршен пар – тој сака да готви, таа обожува да чисти, особено да мие садови. Ева признава дека нејзина страст е да ја одржува куќата, па така станала косопственичка на компанија која произведува антибактериски сунѓери за чистење. Како што вели, тоа за неа има терапевтска вредност.

„Животот е толку хаотичен. Но, единствената работа која можам да ја контролирам е мојата куќа, мојата кујна. Значи, кога мијам садови, тоа за мене е нешто медитативно“, заклучила Ева.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk