Дејвид и Викторија Бекам споделија фотографии од прославата по повод неговиот 50. роденден, но на нив недостасува нивниот најстар син, Бруклин.
Во заедничка објава на социјалните мрежи напишаа: „Создаваме посебни спомени со семејството и пријателите. Ве сакаме сите“, при што ги означија синовите Ромео и Круз, а името на ќерката Харпер го вклучија како ознака.
На фотографиите, Викторија и нивната ќерка Харпер, која има 13 години, носат исти темносини свилени фустани, а Дејвид, Ромео (22) и Круз (20) се облечени во црни свечени одела. На неколку слики, тие позираат пред автомобил, а на една Дејвид нежно ја бакнува Харпер во чело.
Меѓу присутните беа и родителите на Дејвид, неговите сестри Џоан и Лин, како и родителите на Викторија, Џеки и Ентони Адамс.
Бруклин (26) не се појавува на ниту една фотографија, а не е познато дали тој и неговата сопруга Никола воопшто присуствувале на забавата, пренесуваат странските медиуми.
Веќе некое време кружат шпекулации за нарушени односи во семејството. Во март беше објавено дека Бруклин наводно бил налутен на брат му Ромео поради тоа што започнал врска со неговата поранешна девојка, Ким Тернбул. Дополнително, Бруклин и Никола живеат во Лос Анџелес, додека остатокот од семејството се наоѓа во Мајами и Лондон.
Пред овие гласини, Бруклин важеше за блискa личност со своите браќа и сестра. Во едно интервју од пред неколку години, изјави дека му било убаво да порасне со браќа и сестра блиски по години.
„Харпер е најгласната, Круз е највеселиот, а Ромео е полн со енергија. Сакам да готвам и да гледам фудбал со татко ми. Мајка ми со години живееше во куќа полна со момчиња – сè додека не дојде Харпер. Уживам во времето со нив“, рече тогаш.