Американската пејачка Кристина Агилера се пофали со новите фотографии за списанието „Carcy“, а со оглед на тоа дека оваа 44-годишничка изгледа неверојатно младешки по нејзиното неодамнешно слабеење, на многумина им делуваше непрепознатливо.
Имено, Агилера позирала во повеќе различни изданија како дел од снимањето за гореспоменатото списание, а повеќето корисници на социјалните мрежи дошле до сличен заклучок.
Додека некои се прашуваа кој всушност е на фотографиите, други заклучија дека Кристина успеала да ја открие тајната на вечната младост, бидејќи дури делуваше и уште помлада од нејзините фотографии од 2000-тите, кога беше на врвот на својата популарност.
„Поради овие фотографии се прашувам која година сме“, коментирал еден корисник на Х, споделувајќи ги фотографиите на пејачката за списанието „Carcy“.
Инаку Агилера преку објавите на Инстаграм ги „однесе“ обожавателите зад сцената на фотосесијата, покажувајќи неколку различни изданија – сатенски фустан во боја на шампањ, бела долна облека преку црни хеланки и проѕирен црн фустан со тантела.
Меѓутоа, Кристина претходно откри дека со години се борела со вишок килограми и раскажа како успеала да го надмине тоа.
Нејзината тајна беше во тоа што се посветила на здрава, балансирана исхрана и ригорозен режим на вежбање. Откако го роди синот Макс во 2008 година, таа стана предмет на бројни негативни коментари поради нејзината тежина.
Потоа почнала да слабее, но нејзината тежина флуктуираше, а во една прилика Агилера откри дека низ годините изгубила околу 20 килограми со ограничување на дневниот внес на храна на 1.600 калории и следење на „Виножито“ диетата.