Холивудската двојка е заедно 23 години, секогаш делуваат среќно и немаат ниту еден скандал зад себе – ова е тајната на нивниот брак

Кармин

30/04/2025

12:17

1.074

Големина на фонт

а а а

Актерката Сара Мишел Гелар и актерот Фреди Принц Џуниор, во брак се речиси 23 години, што за холивудски пар е прилично долго.

Тие се во брак од 2002 година, што за светот на Холивуд е многу повеќе од пофално и неочекувано долго. Во текот на бракот тие станале горди родители на Шарлот и Роки. Тие често во јавноста ги изнесувале тајните за среќниот брак.

Сара гостувала во епизодата од емисијата „Today with Jenna & Friends“ каде зборувала и за својот сопруг и неговите улоги.

Откако Гелар истакнала дека таа и Фреди се во брак речиси 23 години, водителките Џена и Тифани ја прашале: „Која е тајната на вашиот брак?“, а актерката рекла: „Одвоени тоалети, толку едноставно“.

Ова не е првпат актерката да ги спомнува одвоените тоалети како предност.

Гелар првпат ја спомнала оваа „тајна“ на нивниот брак во текот на гостувањето во едно шоу во 2017 година.

„Верувам дека постојат некои работи кои би требало да ги задржите за себе, вашиот партнер не мора да знае сѐ“, се пошегувала, па додала: 

„Можеби и посебна платежна картичка за купување? Или ако сте маж, можеби посебна картичка за купување видеоигри за да не морам да видам колку чинат“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk