Слатко, а здраво освежување: Рецепт за домашен сок од јагоди кој се подготвува брзо и лесно, мирисот ќе ве врати во детството

Кармин

05/05/2025

16:27

227

Големина на фонт

а а а

Во сезоната на јагоди кога пазарите ќе замирисаат на пролет, тешко е да одолеете на нивната свежина, боја и слаткост.

Освен што се неодоливо свежи, јагодите се идеални за подготовка на домашен сок којшто буди спомени од детството.

За разлика од купениот, домашниот сок не содржи конзерванси ниту вештачки бои, а вкусот му е полн, овошен и автентичен.

Покрај тоа, многу лесно се прави, а кога еднаш ќе го пробате, станува неизоставен дел од семејните ритуали.

Совршен е за послужување со колачи, како и за освежување во врелите денови, а мирисот којшто се шири во текот на подготовката е незаборавен.

Состојки:

-2 килограми свежи јагоди;
- 1,5 килограми шеќер;
- 1 литар вода;
- 2 лимони;
- 1 ќесичка лимонтуз.


Подготовка:

1. Измијте ги јагодите, исчистете ги и преполовете ги.

2. Во големо тенџере прелијте литар вода и ставете ги јагодите да се варат додека не омекнат.

3. Кога ќе омекнат, згмечете ги за да добиете каша.

4. Процедете ги низ газа или цедалка, за да добиете сок.

5. Во добиениот сок додадете го шеќерот, сокот од лимон и лимонтузот, па варете уште 10-15 минути додека шеќерот не се стопи.

6. Врелиот сок ставете го во стерилизирано шише и веднаш затворете го и оставете го да се излади.

7. Чувајте го на ладно и темно место, а по отворање на шишето ставете го во фрижидер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk