Мишел Обама искрена за денешните генерации: „Бараат среќа без смисла, сакаат титули и високи плати, но...“

Кармин

05/05/2025

11:34

594

Големина на фонт

а а а

Во неодамнешен поткаст поранешната дама на САД, Мишел Обама, опишала како гледа на денешните генерации и нивниот поглед кон среќата.

Мишел Обама сѐ уште важи за една од омилените први дами на САД, а за тоа сведочи и тоа што нејзините изјави во емисиите често се пренесуваат и цитираат.

Кога Барак Обама стана претседател на САД, веднаш во центар на внимание на јавноста беше и неговата сопруга, Мишел Обама. Како што вели, таа е одгледувана во конвенционален дом каде мајката била дома, а таткото работел.

Учела право, па во текот на раната кариера работела во адвокатска канцеларија за која не можела да претпостави дека ќе ѝ го смени животот. Таму го запознала својот сопруг, идниот претседател на САД.


Добила задача да му биде ментор. Нивната врска започнала со деловен ручек. За Барак се венчала во 1992 година и во бракот добиле две ќерки. Таа станала прва Афроамериканка со титула прва дама и пример за многу од жените низ светот.

Деновиве на социјалните мрежи актуелен е инсертот од нејзиниот поткаст во којшто опишува како гледа на денешните млади луѓе и нивниот поглед за тоа што е среќа.

„Ми се чини дека имаме една цела нова генерација на млади чија единствена и основна смисла за животот е само тие да бидат среќни. Многу вложуваат во титули, функции, плати и слични работи.

Кога кажав дека сакам да бидам адвокат како мала, возрасните се воодушевуваа дури и доколку не знаеја што подразбира сето тоа. Затоа што тоа толку добро звучи! На децата константно им даваме „фидбек“ дека она што го прави животот добар, што те прави подобра личност е она што е поврзано за титулата и колкава плата земаш.

И, денес децата го сакаат тоа, да бидат богати, да бидат познати, а тоа ги оддалечува од прашањето „кој сум јас“, „што сакам?“. Имаме генерација на млади луѓе во 20-те кои мислат дека целта е нивната лична среќа. Точка. А, тоа не е животот.


На моите ќерки им реков дека најголемиот дар којшто себеси можат да си го дадат е да бидат добри самите со себе, да бидат среќни таму каде што се, каде и да е тоа. Да научат дека е во ред нешто да не е забавно, да не победуваат, да губат, да не постигнуваат, да немаат друштво секој ден околу себе.

А, јас мислам дека оваа нова генерација не го сака тоа. Поголем дел од животот е тотално обичен, мораш да научиш да бидеш среќен сам, кога ти е малку здодевно, кога не успеваш затоа што сето тоа помага да станеш и да продолжиш понатаму. Но, имам чувство дека многу од младите луѓе трагаат за тоа неможно чувство на константна среќа“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk