Американската актерка Ева Амури, ќерката на познатата Сузан Сарандон, направила операција една година откако нејзиното деколте на венчавката предизвика бран критики.
Имено овој месец, таа имала операција за намалување и подигнување на градите и оттогаш го документира нејзиното закрепнување преку Инстаграм.
Минатата недела таа сподели видео снимено додека нејзиниот сопруг Иан Хок ја возел дома по постоперативниот третман.
Актерката призна дека имала „ментален слом“ пред пластичната операција – но појасни дека тоа било „лесно“ и „одлично“ искуство.
Потоа, во емотивна снимка, таа се расплака поради „убавите“ закуски што ги добила од нејзиниот лекар.
Инаку Амури на 2 април им соопшти на своите следбеници дека ќе ги намали градите, а по тој повод направи торта со пораката: „Па, чао, ци*ки“.
„Правам нешто што сакав да го направам веќе 20 години. Ова ќе ми биде прва операција и прв пат под општа анестезија. Се чувствувам надреално и силно што конечно правам нешто што отсекогаш сум го сакала, но едноставно не го направив поради стравот од анестезија“, напиша тогаш Ева.
Две недели подоцна, таа призна дека сè што знаела за операцијата на градите „паднало во вода“, и опиша дека не можела ниту самата да си ја исуши косата и дека телото ѝ било покриено со модринки.
„Закрепнувањето е потешко отколку што мислев. Чувствувам голема вина кога не правам нешто што може да се смета за објективно продуктивно“, додаде актерката.
Нејзините „стари“ гради се појавија на насловните страници во јануари 2024 година кога била фотографирана во венчаница без прерамки, а подоцна стана мета на критики на корисниците на социјалните мрежи. Амури тогаш им возврати со тврдење дека нејзините гради се со нормална големина и им порача да си гледаат своја работа.
Меѓутоа во објава на блог, шест месеци откако таа и 40-годишниот Хок се венчаа, Амури откри дека плачела поради негативните коментари дека нејзиниот изглед бил „несоодветен“.
„Јас сум човечко суштество, само се обидувам да се чувствувам убаво, да бидам добра личност, да ги одгледувам моите деца и да уживам во мојот живот“, рекла тогаш таа.
Инаку Амури има три деца, ќерката Марла (10), синот Мајор (8) и Матео (5) кои ги доби со нејзиниот поранешен сопруг Кајло Мартин.