Пет правила за шминкање за жените со темна коса: Постигнете го изгледот на „ледена кралица“

Точка

18/10/2024

18:38

2.451

Големина на фонт

а а а

Црната коса отсекогаш беше една од најпопуларните бои за секоја жена, но оваа сезона таа е помодерна од кога било порано.

Дамите со црна боја на косата отсекогаш привлекувале внимание, а оваа боја на коса секогаш изгледа привлечно и заводливо, така што многу девојки ја фарбаат косата во црно за да го постигнат посакуваниот ефект.


Оваа боја на коса, како и секоја друга, повеќе се вклопува со одреден тип на шминка, па затоа би требало да се следат некои правила кои ќе го комплетираат вашиот „изглед на ледена кралица“ и ќе направат да изгледате како вистинска филмска ѕвезда.


Меѓутоа ова не се однесува само на црната коса, туку и на темно кафеавата каква што имаат многу познати дами. Пожелна е силната и „агресивна шминка“, но мора да внимавате да не биде претерана, за да не изгледате смешно. Моника Белучи и Деми Мур се одлични примери кои можете да ги следите, а од помладите ѕвезди тука е и Каја Гербер, која секогаш воодушевува со својата темна коса и одличната шминка.

Правила за шминкање на жени со црна коса

Соодветна пудра – Црната боја може да ги истакне сите несовршености на вашето лице, па изборот на вистинската подлога е број еден правило, притоа внимавајте да не е премногу жолта.

Руменило – Ова треба да биде незаобиколен дел од вашата рутина за шминкање. Руменилото ќе ви даде чувство на свежина, а со него задолжително нанесете и хајлајтер за да постигнете полн ефект.


Веѓи – Не сме свесни колку веѓите придонесуваат кон разубавување на нашиот изглед. Доколку сте решиле да ја офарбате косата во црна боја, посветете им внимание и на веѓите, користете соодветни креми и моливи за да ги стилизирате, но никогаш не ги фарбајте во иста нијанса како вашата коса, внимавајте да бидат барем малку посветли за да изгледаат поприродно.


Сенка за очи – Убаво нашминканите очи, по можност со ајлајнер одат фантастично со црната коса.

Кармини – Кога станува збор за црната коса сите кармини и сјаеви за усни ќе ви прилегаат само прашањето е што повеќе сакате и што ви одговара.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk