[ФОТО] Поранешната прва дама на Франција во чипкаст комплет на „Victoria’s Secret“ ревијата: „Сопругот би доживеал срцев удар“

Точка

16/10/2024

15:33

3.160

Големина на фонт

а а а

Некогашната прва дама на Франција се прошета на модната ревија на познатиот бренд „Victoria’s Secret“.

Карла Бруни се појави на синоќешната ревија во Њујорк, која се одржа по шестгодишна пауза. Некогашната прва дама, манекенка и музичарка ги доби познатите „крилја“ на 57 годишна возраст, одејќи по пистата додека сите очи беа вперени во неа.


Овој потег и прошетката по модната писта се случи по речиси четири децении, а најверојатно ова е и последен пат италијанско – француската убавица да ја видиме во оваа култна долна облека, како што се пошегува таа во интервју за „Page Six“.


„На мои години? Многу е возбудливо, но и неодоливо, навистина е. Бидејќи никој никогаш не се навикнува на биде модната писта, без оглед на тоа колку имате искуство и колку долго се занимавате со тоа“, изјави Карла Бруни којашто за не се подготвуваше многу за оваа специјална пригода, за разлика од останатите манекенки како што е Адриана Лима која повторно заблеска во полн сјај.


„На 56 години, мораш да имаш повеќе трезвен живот. Не пијам многу, можеби еднаш во месецот, а најважни се квалитетниот сон и вежбањето“, изјави Бруни.

Бруни во светот на манекенството влезе на 19 годишна возраст, во 1987 година, а во текот на кариерата соработуваше со престижни модни куќи, меѓутоа соработката со „Victoria’s Secret“ брендот е посебна, а најмногу ја сака дружбата со нејзините колешки пред ревијата, односно додека траат подготовките за излегување на пистата.


„Забавно е да се стане ангел. Ќе добијам крилја. Само жалам поради тоа што мојот сопруг не е тука, ќе доживееше срцев удар“, изјави Карла пред ревијата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk