[ФОТО] Пантолони со една ногавица се последниот моден тренд, милениумците на „апарати“

Точка

21/10/2024

14:32

1.097

Големина на фонт

а а а

Панталони со низок струк и сина сенка за очи се само дел од трендовите од 90-тите кои генерацијата „Z“ ги врати на големо, што ги вџаши многумина милениумци и генерацијата „X“. Меѓутоа сега се појави нов бизарен тренд кој завладеа со модните писти и кој многумина ги насмеа.


Панталоните со една ногавица се најновиот моден тренд кој ги насмеа милениумците. Имено, модните куќи Луј Витон и Ботега Венета на неодамнешните модни ревии го претставија овој непрактичен тренд, кој им врати болни спомени на милениумците од деновите кога над панталоните се носеа здолништа или мини фустани.

Бизарен тренд од почетокот на милениумот

Овие необични модни изданија честопати се комбинираат со долги блузи или фустани, потсетувајќи ги милениумците на несмасниот тренд што владееше на крајот на милениумот, а кој го облекуваа ѕвездите како Мајли Сајрус, Ен Хатавеј и Бренди.


Модните креатори велат дека пантолоните со една ногавица нудат можност за самоизразување, но некои модни критичари го сметаат овој тренд за премногу ексцентричен.

Модните критичари не се воодушевени

„Изгледаа како панталони кои се закачиле за железната кука на вратата и едната ногавица им се скинала“, напиша Ванеса Фридман, модна директорка во „Њујорк Тајмс“.


Инаку, овој смел тренд првпат се појави во 2018 година благодарение на американскиот бренд Сара Афродита. Една година подоцна, корејскиот бренд „Pushbutton“ ја претстави својата верзија на фармерки со една ногавица, меѓутоа и покрај тоа што познатата пејачка Селин Дион го присвои овој тренд, тој сепак не се заживеа, пред сè поради неговата непрактичност.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk