[ФОТО] По шест години пауза одржана ревијата на „Victoria’s Secret“: Ова се најубавите фотографии

Точка

16/10/2024

09:17

2.449

Големина на фонт

а а а

Синоќа се одржа „Victoria’s Secret Fashion Show“ во Њујорк по шестгодишна пауза.


На модната писта по 20 години се врати Тајра Бенкс, а ѝ се приглучија Џиџи Хадид, Палома Елесер, Иман Хамам, Кандис Свеинпоел, Грејс Елизабет, Тејлор Хил, Мајова Николас, Барабара Палвин, Адриана Лима, Алесандра Амбросио и многу други манекенки.


Оваа година беше воведен еден новитет односно на пистата се појавија и „plus – size“ модели. Инаку „Victoria’s Secret“ повеќе пати беше мета на критики поради претставувањето само на послабите манекенки, а сега брендот сака да му се спротивстави на тоа.


Во музичкиот дел од вечерта настапуваше и музичката ѕвезда Шер.


Зошто модната ревија не се одржуваше шест години?

Потсетуваме од 1995 до 20018 година, модната ревија „Victoria’s Secret“ беше еден од најголемите годишни модни настани.


Ревијата за последен пат се одржа во 2018 година во Њујорк, а една година подоцна беше укината поради низа скандали поврзани со водечките лица на компанијата.


Имено тогаш се појавија информации дека првиот човек на брендот „Les Wexner“ одржувал контакт со сексуалниот престапник Џефри Епстин, додека во 2020 година „New York Times“ го обвини поранешниот главен директор на компанијата Едвард Разек за „мизогинија, малтретирања и вознемирувања“ во рамките на компанијата.


Ревијата стана мета на критики, а многумина ја опишува како „сексистичко шоу“.


Исто така критиките се зголемија, откако директорот на маркетингот Едвард Г. Разек во изјава за „Vogue“, кажа дека „plus size“ манекенките не можат да учествуваат на ревијата, на којашто со текот на времето и опадна гледаноста.


Подоцна се појавија многу обвинувања на сметка на Разек. Имено, според тврдењата тој ги присилувал манекенките да седат во неговиот скут и ги бакнувал со сила, а една од нив го обвинила дека ја допирал во пределот на меѓуножјето пред излегувањето на пистата. Меѓутоа, Разек за „The Times“ изјави дека обвинувањата се „не се вистинити“ и се „извлечени од контекст“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk