[ВИДЕО] Манекенка доживеа незгода на „Victorias’s Secret“ ревијата: Погледнете како се снајде

Точка

17/10/2024

16:57

2.097

Големина на фонт

а а а

Во текот на спектакуларното „Victoria’s Secret Fashion Show 2024“, во Њујорк, холандската манекенка Дауцен Кроус ја покажа својата професионалност при неочекуваната незгода која и се случи.


Во текот на ревијата, додека Дауцен се движеше по пистата со звуците на песната „Femininomenon“ на Чапел Роан, нејзината петица одеднаш се заглави во тенка пукнатина на пистата. Кроус со особена смиреност се наведна за да ја одглави потпетицата додека Иман Хамам ѝ пружи поддршка. Откако успешно ја извади потпетицата, Дауцен продолжи самоуверено да се движи по пистата.


Нејзиниот изглед беше импресивен додека го носеше пастелно розевиот градник и розе – белите гаќички, коишто ги надополни со проѕирна, бела, мрежеста сукња.

Отворените розови потпетици со ремени украсени со пеперутка додадоа доза на шарм на нејзиниот изглед, додека големите, бели обетки го истакнаа нејзиниот раскош.

Оваа модна ревија беше особено значајна бидејќи „Victoria’s Secret“ се врати на подната сцена по шест години, а Дауцен не беше единствената ѕвезда на шоуто.

На модната писта се појавија и легендите како Тајра Бенкс, Адриана Лима, Џиџи и Бела Хадид, Иман Хамам, Ешли Грахам и трансродовите модели Валентина Сампаио и Алекс Косани.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk