Многумина жени несвесно прават грешки во изборот на гардеробата и поради тоа изгледаат постаро: Како да се одбегне истото

Точка

16/10/2024

11:58

1.664

Големина на фонт

а а а

Додека вистинскиот избор на гардероба може да го нагласи младешкиот дух, несвесното правење модни грешки може да направи да изгледаме постари отколку што сме навистина.

Изборот на облека може значително да влијае на тоа како се чувствуваме и како другите нè доживуваат. Меѓутоа, многу жени несвесно грешат при изборот на својата гардероба, поради што изгледаат постари отколку што се.

Ова се неколкуте, вообичаени модни грешки и совети како да ги одбегнете.

Премногу темни бои

Црната и другите темни бои се безвременски и елегантни, но кога доминираат во гардеробата, можат да направат лицето да изгледа бледо и уморно. Постарите жени треба да воведат повеќе посветли тонови како пастелни бои, нежни беж или светлосиви нијанси кои го освежуваат тенот.


Застарени кроеви и дизајни

Облеката со кроеви кои повеќе не се тренди, како што се премногу широки сакоа или предолги здолништа, може да направат да изгледате постаро. Модерните кроеви кои ја следат линијата на телото и не се премногу затегнати се идеални за сите генерации. Изберете парчиња кои ги следат актуелните трендови, но кои се доволно неутрални за да траат неколку сезони.


Премногу формална облека

Додека елегантната гардероба прави да изгледаме убаво, секојдневното носење на премногу формални парчиња облека како што се деловни костуми и крути костуми, може да направат да изгледаме старомодно. Комбинацијата на лежерни и формални парчиња облека дава младешки, поопуштен изглед. На пример, деловното сако може да изгледа посвежо во комбинација со лежерни фармерки и бели патики.

Носење облека со поголем број

Облеката која е премногу широка може да ја скрие вашата силуета и да направи да изгледате постаро и пообемно. Наместо тоа, изберете парчиња кои се приспособени на обликот на вашето тело, но не премногу тесни. Најдете рамнотежа помеѓу удобноста и стилот – благо струкираните капути или фустаните со ремен визуелно ја издолжуваат и подмладуваат фигурата.


Несоодветни аксесоари

Аксесоарите можат потполно да го сменат изгледот, но преголемиот накит или застарените модни додатоци можат да направат да изгледаме повозрасно.Наместо големи ланчиња и премногу формални чанти, одберте елегантни и секојдневни парчиња – дискретен накит и модерните, помали чанти нудат софистициран и свеж изглед.

Несоодветни чевли

Чевлите имаат клучна улога во тоа како ќе изгледате. Тешките, масивни чевли можат да направат нозете да изгледаат пократко, наместо тоа одбирајте елегантни модели со дискретни потпетици или едноставни патики кои претставуваат комбинација на стил и удобност.


Од друга страна чевлите со шпицест облик можат визуелно да ги издолжат нозете и да понудат доза на елеганција.

Премногу слоеви облека

Слоевитоста честопати претставува трик за постигнување на посакуваниот стил, но премногу слоеви облека можат да направат да изгледате визуелно подебели и постари. Обидете се да одбирате облека која е едноставна за комбинирање, и која не е премногу слоевита, за вашиот изглед да биде младешки и уреден.


Одбегнувајте ја облеката која ја следи силуетата

Многу жени, сакајќи да скријат одредени делови од телото, избираат премногу широка облека која нема дефинирана линија. Ова може да резултира со безживотен изглед. Клучот е да изберете парчиња кои ја следат вашата фигура и ги истакнуваат најдобрите делови од вашето тело, и прават да се чувствувате удобно.


Совршената гардероба не значи слепо следење на модните трендови, туку пронаоѓање на рамнотежа помеѓу стилот, удобноста и младешкиот дух. Вистинската комбинација на бои, кроеви и аксесоари можат да направат да изгледате посвежо, помладо и посамоуверено.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk