Што всушност е месечева (лунарна) диета која се спроведува во посебни денови? Ова јадете и пиете, а не смеете да дозволите една важна работа

Точка

17/10/2024

17:15

382

Големина на фонт

а а а

Месечевата диета се спроведува за време на полна месечина и трае 24 часа. Може да се спроведува неколку пати годишно, за време на полна Месечина.

Месечевата диета станува сè поинтересна во широки кругови бидејќи се чини дека за кратко време овозможува губење од два до три килограми, што кога ќе погледнеме малку подлабоко значи пред сè губење на телесните течности, а само мал дел се должи на губење на масното ткиво. Месечевата диета првенствено е од детоксикациски карактер, бидејќи во тој ден се трошат два до четири литри течност, а заедно со постот тој ден ги поттикнува и процесите на излачување во организмот, особено преку бубрезите.


Доколку ја пропуштивте денешната полна Месечина, следната полна Месечина во годината ќе биде:

15 ноември во 22:29 часот

15 декември во 10:02 часот

Што е месечева диета?

Месечевата диета е еднодневен пост усогласен со лунарниот календар. За време на диетата важно е да пиете многу течности, а тоа може да биде вода, незасладени чаеви, свежи овошни сокови или сокови од зеленчук. Можете да подготвувате сокови од овошје и зеленчук наутро и да ги носите со себе за редовно да ги консумирате во текот на секојдневните активности.

Многу е важно телото да не дехидрира за време на диетата, што може да се спречи со редовно земање на мала количина течност на секои два часа. Ако немате време да направите свежи сокови дома, можете да користите сокови купени во продавница кои немаат додаден шеќер или конзерванси. Менито за месечева диета првично било предвидено така да во деновите на полна Месечина се консумира само вода, но доколку активноста во тие денови е интензивна, за да не се создаде дополнителен стрес, дозволена е консумација на опишаните сокови.


За време на диетата приоритет треба да се даде на релаксирачки активности, лесни вежби и доволно сон за да се избегне прекумерна психичка и физичка исцрпеност на телото.

Што можете да јадете?

Цврста храна не треба да јадете во текот на месечевата диета.

Што можете да пиете?

За време ла лунарната диета можете да пиете вода, незасладени чаеви, свежи овошни сокови или сокови од зеленчук.

Чувството на глад најчесто се јавува во попладневните и вечерните часови, па се препорачува тоа време да го одвоите за себе и да испиете дополнително количество течност. Денот по постот е исто така многу важен, бидејќи по чистењето на телото, сетилата добиваат сила, па сите вкусови и мириси стануваат поинтензивни и привлечни, лесно доаѓа до прејадување, а со тоа и таложење на ново масно ткиво.

Вториот ден треба да јадете лесна храна, варена или динстувана, многу салати, свежо овошје и течности. Се препорачува и консумирање супа, а треба да се консумираат и протеини кои полесно се разградуваат како риба и соја.

Искуства и мислење на нутриционисти

Месечевата диета е детоксикациска диета која се препорачува за одржување на тежината, кога сакате да го зајакнете вашиот имунолошки систем.

Диетата може да се спроведува 24 часа, а секој подолг период на диета доведува до исцрпување на организмот и може да се спроведува само под стручен надзор.


Кои се предностите и недостатоците на месечевата диета?

Месечевата диета е лесна за примена доколку човекот успее да се справи со изразеното чувство на глад, бидејќи не бара време потребно за подготовка како сите други диети.

Месечевата диета не е диета за големо губење на тежината и може да поддржува само диета која вклучува промени во навиките во исхраната и води до посакуваните резултати на долг рок.


Стручна забелешка

При користење на месечевата диета, луѓето со проблеми со бубрезите, низок крвен притисок и дијабетес треба да се консултираат со експерт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk