Незамислива семејна трагедија: Џо Бајден ги загубил првата сопруга и ќерката на ист ден, неколку дена пред несреќата таа му кажала нешто морничаво

Кармин

24/07/2024

16:35

11.363

Големина на фонт

а а а

Во декември 1972 година, Џо Бајден немал причина да се жали на животот што го живеел. Тој имал 30 години и бил избран да го претставува Делавер во Конгресот, со што станал вториот најмлад сенатор во историјата.

Во најдобриот животен период Бајден бил во брак со сопругата Нилија, а во бракот добиле 3 деца – синовите Бо, Хантер и ќерката Наоми.

Нивната среќа била толку голема што младата сопруга на Бајден често велела дека преголемата среќа ја прави нервозна. Седејќи покрај каминот во нивниот дом во Вилмингтон додека заедно пишувале божиќни честитки, таа се свртела кон него и исплашено му рекла: „Џо, што ќе се случи? Сè е добро“.


Неколку дена подоцна, новоизбраниот Бајден работел во Вашингтон кога му заѕвонил телефонот. „На телефон беше една млада жена, беше нервозна. Рече: 'Морате веднаш да дојдете дома, се случи несреќа'“, се присетил Бајден во интервју од 2020 година.

Приближно во 14:30 часот тој понеделник, на 18-ти декември, Нила и нејзините три деца се упатиле кон Хокесин, Делавер за да купат новогодишна елка. Таа не застанала на знакот „стоп“ на приградскиот пат и се судрила директно во камион кој возел со голема брзина. Камионот го удрил нејзиниот Шевролет караван бочно и го отфрлил 45 метри подалеку.

Летоците од кампањата „Бајден за Сенатот“ кои сè уште биле натрупани во багажникот од автомобилот биле расфрлани по целиот пат, заедно со делови од автомобилот.

Нилија и Наоми биле итно пренесени во општата болница Вилмингтон, но веќе било доцна. Тие биле прогласени за мртви по пристигнувањето. Бо и Хантер биле тешко повредени, но преживеале. Бо имал скршеница на ногата, а Хантер фрактура на черепот.


Возачот на камионот кој удрил во автомобилот на семејството Бајден, Куртис Ден (33) прошол без повреди и бил ослободен од обвинение кога полицијата утврдила дека Нилија случајно му се испречила на патот. Ден се обидел да го избегне судирот, но поради брзината го превртел камионот, а по судирот истрчал да им помогне на Нилија и децата. Но, Бајден бил огорчен на човекот кој удрил во автомобилот што го управувал неговата покојна сопруга.

Бајден станал вдовец и самохран татко со две момчиња помлади од 5 години. Тој паднал во состојба на длабока тага и депресија, а подоцна открил дека дури размислувал и за самоубиство.

„Размислував за тоа колку би било само лесно да отидам до Меморијалниот мост во Делавер и едноставно да скокнам од него. Сè би завршило“, признал тој пред 4 години.

Бајден се заљубил во својата прва сопруга на прв поглед. Кога се запознале, тој само што почнувал на факултет и ја видел за првпат за време на патување на Бахамите. Ја забележал како се сонча во ексклузивен ресорт на плажа.


„Кога се сврте кон мене, видов дека има прекрасна насмевка и прекрасни зелени очи. Немаше ниту една маана“, напишал Бајден во своите мемоари „Promises to Keep“.

Набрзо тие се заљубиле и започнале емотивна врска, а на нивната венчавка во август 1966 година никој не ни помислувал дека оваа љубов ќе заврши со трагедија само 6 и пол години подоцна. Бајден ја опишал Нилија во интервју од 1974 година како негов „најдобар пријател, најголем сојузник, сензуална љубовница“.

Втората сопруга на Бајден, Џил, му помогнала да се справи со тешките моменти и тие се во брак од 1977 година. Заедно ги одгледале неговите синови, а ја добија и ќерката Ешли. Неговиот син Бо почина во 2015 година на 47-годишна возраст од тумор на мозокот, пишува „Story.hr“


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk