Позираше топлес, љубеше жени, а потоа го запозна својот принц во ноќен клуб: Беше најскандалозната принцеза, а денес ја обожуваат

Кармин

05/09/2024

10:44

14.083

Големина на фонт

а а а

Шведската принцеза Софија (39) одлично се снаоѓа во кралскиот живот откако пред 9 години се омажи за принцот Карл Филип. Во јавноста остава впечаток на совршена принцеза - носи фустани до подот, редовно позира со своите 3 сина, а работеше и како медицинска сестра за време на пандемијата.

Поради сето ова, минатото на принцезата Софија ја шокира јавноста, пишува „Daily Mail“. Таа беше девојка која обожуваше луди забави, која позираше топлес и даваше интервјуа за бакнување женски ѕвезди од филмовите за возрасни на забавите.


Попозната како Софија Хелквист во 20-те, се вработила како модел. На еден од првите ангажмани, таа носела само гаќички со змија завиткана околу вратот која ѝ ги прикривала градите. Бидејќи беше хит меѓу читателите на машкото списание „Slitz“, Софија ја освои титулата Мис Слиц во 2004 година.

Тогаш започна нејзината кариера во реалното шоу „Paradise Hotel“. Младите и атрактивни самци делеле хотелска соба за да видат „што ќе се случи“. Во една епизода таа се соблече топлес за да ја масира мажот со кој делела соба.

Потоа Софија се пресели во Њујорк каде студирала сметководство и стана позната на јавната сцена посетувајќи забави. Таа водеше блог каде детално ги опишуваше забавите со познати личности како музичарот Паф Деди и актерот Марк Волберг.


„Да се биде жена во Њујорк е предност. Немојте ова погрешно да го сфатите, но мажите тука сакаат да задоволуваат“, гласела една објава на блогот, пренесува британскиот таблоид.

Во тој период се запознала и со „кралицата на филмовите за возрасни“ Џена Џејмисон, со која наводно се бакнувала.

„Се најдов на иста забава како Џена. Таа ми пријде и рече дека сум една од најслатките девојки која некогаш ја видела. Сакаше да седам со нив“, изјавила принцезата за магазинот „Slitz“.


Пет години по појавувањето во реалното шоу, Софија го запознала Карл Филип во ноќен клуб во Стокхолм. Во рок од една година парот започна да живее заедно во вилата Солбакен, каде останаа до ден-денес.

Набрзо почнаа да се појавуваат заедно на кралските настани. Во Шведска, таа ги продолжи студиите, посетувајќи го Универзитетот во Стокхолм за глобална етика и меѓународни односи.


Зборувајќи во 2013 година за нејзиното скандалозно минато, Софија ги отфрли сите критики.

„За мене тоа е прилично здодевно, се случи пред 10 години и продолжив со мојот живот. Но, без каење - искуството го обликува човекот“, изјави принцезата своевремено за тамошните медиуми.

Таа сега поминува голем дел од своето време во добротворна организација која се фокусира на прашањето за безбедноста на младите на интернет, како и на поголемо разбирање за лицата со дислексија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk