[ФОТО] За неа велат дека е најубавата Албанка некогаш родена: Лицето ѝ е толку совршено што сите мислат дека е „пластична“, но таа го негира тоа

Кармин

06/09/2024

13:16

17.078

Големина на фонт

а а а

Албанија не може да се пофали со многу успешни манекенки и модели на светско ниво, но се чини дека Енди Демнери ќе биде онаа што ќе го промени тоа.

Во ноември минатата година, убавата бринета ја претставуваше Албанија на изборот за Мис Универзум, а иако не постигна висок пласман, ја маѓепса светската јавност. Така барем покажаа гласовите од публиката, според кои Енди е една од топ 5-те финалистки на изборот.


Енди се занимава со манекенство од 2014 година, а по сопствено признание во текот на кариерата осцилирала со килограмите, па вели дека во последните неколку години ослабела вкупно околу 20 килограми.

Многумина ја сметаат за најубава Албанка, а тамошната јавност често шпекулира дека таа направила низа естетски интервенции на лицето. Таа категорично го демантираше тоа, посочувајќи дека од мала има полна уста и мал нос.


„Се дебелеев и слабеев, моите црти на лицето се менуваа како што растев и созреав, но не, не сум направила пластични операции. Посакувам, како што напредува технологијата, да се измисли детектор за естетски зафати и да ме ставите внатре и да се уверите дека сум потполно природна“, изјавила 24-годишната Демнери.

Атрактивната Албанка беше гостинка на Модната недела во Милано во февруари и јуни 2023 година. Таа особено се истакна кога се појави на една од модните ревии на „Dolce & Gabbana“ облечена во корсет обложен со циркони.


Таа ги красеше насловните страници на магазинот „Harper's Bazaar“ во Грција и Бугарија.

Енди студира меѓународни односи на Универзитетот во Тирана и зборува четири јазици - албански, англиски, турски и италијански.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk