[ФОТО] Модерната Грејс Кели вчера ја хипнотизираше Венеција во фустан од 1000 црвени рози: Магичната креација е модно ремек-дело кое ги „лепи“ погледите за себе

Кармин

04/09/2024

10:29

8.267

Големина на фонт

а а а

Филмскиот фестивал во Венеција е еден од ретките фестивали кој ја чува праксата на висока мода на црвениот тепих, па затоа е вистинско задоволство да се гледаат славните дами на овој настан.

Конкуренцијата е огромна, па не е лесно да се истакнете во толпата, и покрај тимот стилисти, шминкери и фризери, но на убавата манекенка Роуз Бертрам ѝ успева тоа од година во година.


Бертрам која е редовна гостинка на овој настан, синоќа пристигна на Филмскиот фестивал во Венеција во неверојатно раскошна и впечатлива креација која сигурно долго ќе се памети.

Оваа млада дама можеби пронашла инспирација за синоќешниот стајлинг во своето име, со оглед на тоа што на црвениот тепих пристигнала буквално „опсипана“ со рози.


Имено, убавата манекенка избрала по малку екстравагантна, но ултра женствена тоалета која не секоја дама би можела да ја изнесе на толку елегантен, посебен начин. Иако фустанот е драматичен и малку сценски, секако е многу убав и магичен.

Станува збор за фустан во две нијанси на црвена боја со гол грб, а додека горниот дел се состои од две ленти нежна ткаенина врзани околу вратот, долниот дел доаѓа во форма на балско здолниште со стотици тридимензионални рози.


Оваа Белгијка, која често ја нарекуваат модерна Грејс Кели поради сличноста со познатата дива, дозволила фустанот да зборува сам за себе, комплетирајќи го само со ефектни обетки, едноставна пунџа и дискретна шминка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk