Ова е убедливо најздравото масло за пржење, а не станува збор ниту за маслиновото, ниту за кокосовото масло

Точка

06/09/2024

20:22

7.323

Големина на фонт

а а а

Маслото од авокадо во изминатите години стана многу популарно, откако го популаризираа и воведоа во масовна употреба лицата коишто практикуваат палео диета.

Поради високата точка на чадење, маслото од авокадо се смета за исклучително здраво за варење и пржење на храната, меѓутоа неговата цена многумина нема да ги израдува.


Причината поради која маслото од авокадо не е евтино, е фактот дека неговото производство сè уште не е широко распространето. Ова масло најмногу се произведува во Мексико, а од 2016 година започна и првото големо производство во САД.

Се поставува прашањето зошто експертите за исхрана толку многу го вреднуваат ова масло? Одговорот лежи во фактот што маслото од авокадо е полно со олеинска киселина, односно мононезаситени масти, коишто се многу поздрави за срцето и крвните садови од заситените масти (коишто претставуваат 12% неговиот состав).

Кога ќе се направи ранг-листа на маслата според тоа колку заситени масти содржат, маслото од авокадо ќе се најде зад маслата од грозје, шафран, орев и маслото од репка коишто според овој аспект на содржина се поквалитетни.


Меѓутоа маслото од авокадо е одличен извор омега – 9 масни киселини, антиинфламаторен антиоксидант, витамин Е и лутеин (којшто го подобрува видот). Во споредба со маслиновото масло, авокадото е полно со фитостерол, стероид којшто го намалува „LDL“ холестеролот и коишто се задржуваат во маслото од авокадо дури и по долг период на изложеност на високи температури.


Токму оваа точка на чадење е клучната причина поради која ова масло е најдобро за пржење, а оваа точка на чадење кај нерафинираното масло од авокадо изнесува 250 степени Целзиусови, додека за рафинираното 271 степен. Сепак тешко дека со него ќе можете да ја наполните фритезата или тавата за пржење во длабоко масло, со оглед на дека цената за шише масло од авокадо од 250 мл се движи од 790 денари па нагоре. Поради ова но и поради здравствените бенефити, и сепак е подобро маслото од авокадо да се консумира во салати и сосови, ладно цедено во сиров облик, пишува „Health“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk