[ФОТО] Папараците конечно го фотографираа синот на Марија Шарапова и луѓето се воодушевени од убавината на детето: Тврдат дека е најслаткото момче на светот, а во овој детаљ неодоливо наликува на мајка си

Кармин

06/09/2024

21:30

7.112

Големина на фонт

а а а

Беше тенисерка од чие име се плашеа речиси сите нејзини колешки. Во спортот постигна сè што може да се постигне, но допинг скандалот и повредите ја „принудија“ да се пензионира на 33 години.

Сепак, интересот за животот и делото на Марија Шарапова не згасна со нејзиното заминување од теренот, а откако таа стана мајка на момчето Теодор, светот љубопитно чекаше да види како тој изгледа, како и дали убавината ја повлекол на заносната позната мама.

Пред нешто повеќе од две години, познатата тенисерка Марија Шарапова стана мајка, но до сега вешто успеваше да го скрие лицето на синот, иако папараците на секој чекор демнеа со надеж дека ќе успеат некогаш најубавата тенисерка да ја „уловат“ со наследникот и го откријат неговиот лик. Таа, од друга страна, често го објавуваше своето бебенце на социјалните мрежи – но никогаш не ни покажа како изгледа. Сепак, фотографите биле упорни, па освојувачката на пет Грен слем титули тајно ја фотографирале со двегодишниот Теодор.


Овој пат јавноста конечно доби шанса да го види русокосото момче и многумина едногласно порачаа – синот на Марија Шарапова и британскиот милионер Александар Гилкес дефинитивно треба да се вброи во категоријата најубаво дете на светот!

Вакво воодушевување од јавноста не е неочекувано, со оглед на тоа што малиот од двајцата родители би можел да ги наследи само најубавите гени.


Мајката долги години е на врвот на листата на најубави спортистки во светот, а нејзиното последно појавување во јавноста, на овогодишниот УС Опен, само го потврди статусот на безвременска убавица, со оглед на тоа што Русинката изгледа најмалку десет години помлада на 37-годишна возраст, а во светло-беж костумот целосно ги собори од нога сите присутни на централниот терен на турнирот во Њујорк.


Што се однесува до таткото Александар – тој не заостанува во убавината од неговата популарна сопруга – па така оваа комбинација на генетски материјал „создала“ преслатко мало момче, кое несомнено ќе порасне во голем заводник.

Русата коса ја наследил од мама Марија

Она што е забележливо на фотографиите е дека Теодор повеќе личи на својата мајка, за што најмногу придонесува изразито русата коса, која своевремено беше заштитен знак на познатата „сибирска убавица“, како што често ја нарекуваа руската тенисерка нејзините многубројни фанови.


Инаку, по повлекувањето од тенисот, Шарапова се посвети на својот приватен бизнис – производството на слатки наречени „Шугарпова“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk