[ФОТО] Ќерките на Адријана Лима и Марко Јариќ денес се вистински убавици: Тинејџерките ги воодушевиле сите, а за Валентина велат дека е наследничка на прекрасната мајка

Кармин

05/09/2024

18:45

8.912

Големина на фонт

а а а

Ќерките на српскиот познат кошаркар Марко Јариќ и манекенката Адријана Лима, Валентина и Сијена, продефилирале на црвениот тепих со својата мајка на премиерата на филмот „The Ticket“.

Тие две растеле во мирна средина и покрај тоа што нивните родители се многу познати, бидејќи ги криеле од медиумите, а сега ситуацијата е малку поинаква.


Адријана на црвениот тепих пристигнала во друштво на својот избраник, филмскиот продуцент Андре Лемер и помалиот син Сијан, а целото внимание било насочено кон Валентина. Многумина коментираат дека постарата ќерка личи на Адријана Лима, додека помалата е пресликана копија на нејзиниот татко Марко Јариќ.

На црвениот тепих позирала и ќерката тинејџерка на Андре од првиот брак. (скроз лево)

Адријана за ќерките


Лима и Јариќ го добиле своето прво дете, ќерката Валентина, во ноември 2009 година. По раѓањето на Валентина, Лима се отворила и открила како мајчинството ја променило, велејќи дека тоа е „најдобрата работа на светот“.

„Никогаш не мислев дека можам да сакам толку многу. Секогаш мислев, дали постои такво нешто како безусловна љубов? Сега знам дека постои, затоа што го чувствувам тоа“, изјавила таа за „People“. Гордата мама е подготвена целосно да ја поддржи својата ќерка за еден ден да ги следи нејзините стапки во моделингот.


„Ќе ја поддржам што и да стане – модел, балерина, докторка … што и да ја прави среќна“, зборувала таа своевремено.

Сијена се родила во 2012 година, а парот официјално се развел во 2016 година.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk