[ФОТО] Таа не може да има деца поради вбризганите филери: Го смени својот личен опис и си го уништи здравјето, а нејзиниот случај го коментираа и лекарите

Кармин

02/09/2024

21:23

10.843

Големина на фонт

а а а

Џенифер Памплона е честа тема во светските медиуми поради нејзиниот начин на живот и операциите коишто ги има направено со цел да изгледа како Ким Кардашиан.

Оваа инфлуенсерка неодамна откри дека нејзините соништа да стане мајка целосно се срушени, поради преголемиот број на примени инјекции – филери, пренесува „Daily Mail“.

„Отсекогаш сонував да станам мајка, уште од детството го замислував моментот кога ќе имам свои деца и свое семејство“, изјави Џенифер, на којашто претходно ѝ било соопштено дека има мали шанси да забремени поради компликацијата со филерите кои биле вбризгани во нејзиниот задник.

„Сега гледам дека она што мислев дека ќе го подобри мојот изглед всушност ме уништи. Страдањето е огромно, а болката поради неможноста да се има дете е нешто што никогаш не можев да го замислам“, раскажа Џенифер.


Според зборовите на докторот Карлос Риос, пластичниот хирург, којшто е специјализиран за случајот на Џенифер, таа почнала да чувствува силни болки во задникот и во нозете откако и бил направен третманот за задник пред повеќе од 10 години.


„На Џенифер ѝ беше вбризгана „PMMA“ во задникот, како дел од постапката позната како биопластика, а симптомите коишто ги имала се директна последица од оваа постапка“, објасни докторот.

Тој исто така објасни дека и животот на Џенифер бил во опасност. „Со медитацијата, правилната исхрана, суплементацијата и лековите успеавме да ја стабилизираме, меѓутоа беше прашање на живот и смрт“, додава докторот.


Џенифер започнала со пластичните операции уште на седумнаесет годишна возраст, а оттогаш имала повеќе од 30 операции на телото и лицето. Таа во 2022 година одлучи да престане со операции дури откако и беше дијагностицирана телесна дисморфија, а моментално поминува низ големо страдање соочувајќи се со компликациите од операциите, и исто така таа е во исчекување на реконструктивната операција во Колумбија.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk