Знаци коишто покажуваат дали на вашето дете му е потребен попладневниот сон или можете да го укинете

Кармин

05/09/2024

20:32

4.676

Големина на фонт

а а а

Попладневното спиење е особено важно за развојот на децата, а количеството на сон зависи од детето, па така некои деца на возраст од три или четири години повеќе немаат потреба од дневен одмор.

„Поголем дел од децата на возраст од три до пет години престануваат да спијат во текот на денот“ вели Елизабер Пентли, авторка на книгата „The No – Cry Nap Solution“. На родителите им се советува да ги слушаат потребите на детето и во согласност со неговиот ритам да ги организираат дневните активности на детето.


Знаци дека на детето повеќе не му треба дневен сон

Борба околу спиењето – „Кога вашето дете нема потреба од дневно спиење, нему му станува тешко да заспие во вообичаеното време“, вели Елизабет Супер, педијатар во детската болница „OHSU Doernbecher“ во Портланд.

Пружање отпор кон спиењето – Наместо вообичаената нормала рутина на спиење којашто детето ја имало дотогаш, тоа сега ќе пружа голем отпор кон спиењето, а можеби ќе почне и со станување од кревет и постојано приговарање околу спиењето.


Добар распоред – Кога детето ќе престане да спие во текот на денот, а притоа може да остане во добро расположение целиот ден. Сепак можна е појавата на подеми и падови, но поголем дел од времето детето ќе има добра волја и доволно енергија за целиот ден.

Лесни утра – Кога детето и без попладневниот одмор добро и мирно спие цел ноќ, а вообичаено се буди со добро расположение.

Знаци дека на детето сè уште му е потребен дневниот одмор

Детето оди на спиење вез проблеми и брзо заспива, а притоа спие еден час или повеќе, што значи дека сè уште му е потребен ваков вид на одмор.

Попладневна нервоза – Детето е раздразливо, непослушно и тешко е да се задоволат неговите барања во текот на вечерните часови.


Спиење во автомобил откако ќе го пропушти редовното попладневно спиење.

Поспаност – И во случај кога детето ништо не кажува, може да се заклучи дека е поспано преку неговиот говор на телото. Триењето на очите со рацете, проѕевањето, намалената физичка активност се знаци дека детето на детето сè уште му е потребен дневниот сон.

Вишок енергија – Понекогаш се случува кога детето има потреба од сон наместо да биде исцрпено тоа ќе стане хиперактивно и непослушно.

Период на адаптирање

„Ќе се појави транзициски период од неколку месеци, можеби дури и половина година, во текот на кој на вашето дете повремено ќе му треба дневниот сон, меѓутоа поголем дел од времето нема да му биде потребен“, вели Пентли.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk