Ова е правилниот начин на подготовка на теглите за зимница: Една важна работа многумина ја забораваат

Кармин

06/09/2024

16:16

10.957

Големина на фонт

а а а

Покрај тоа што е полесно да се купи готов производ во продавница, голем број домаќинки сепак ѝ остануваат верни на традиција и се одлучуваат сами да прават зимница.

Тоа што е најважно кај подготовката на зимница е правилната подготовка на теглите и стаклените шишиња. Овој чекор никако не смее да се прескокне, бидејќи доколу теглите или шишињата не се 100% чисти, целиот труд на домаќинката ќе пропадне.


Првата работа што треба да се направи е со детергент, добро да се измијат шишињата и теглите, а кога ќе се исцедат, потребно е да избришат со памучна крпа.

Следниот задолжителен чекор е стерилизација на стаклените амбалажи во коишто ќе ја ставате зимницата.


Загрејте ја печката на 100 степени, ставете ги теглите и шишињата свртени со отворот надолу во тепсија, и оставете ги да се загреат 15 до 20 минути.

Потоа внимателно извадете ги од печката и почнете да ја ставате зимницата во нив додека се сè уште топли.


Покрај ова, она што многумина го забораваат, а е многу важно – е чистотата на капаците коишто како и теглите и шишињата мораат да бидат совршено чисти, а најдобро е да се стават во тенџере со зовриена вода во којашто ќе се варат неколку минути.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk