Брачен пар од САД одлучил да го напушти својот дом во Тексас и се преселил на брод со кој ќе плови по каналите на Велика Британија.
По 10 години живот во Тексас, Керолајн и Пит решиле да купат брод и да го претворат во постојан дом. Двојката веќе две години живее на бродот со своите две кучиња и велат дека тоа е остварување на нивниот заеднички сон.
Самата помисла некој да живее „на вода“ и во тесен простор долг 18 метри може да предизвика непријатност кај многумина, но парот се потрудил нивниот дом да изгледа пространо и удобно.
Имено, овој брачен пар секојдневно објавува содржини поврзани со нивниот живот како уредување на просторот и патувања под името „One Day More Aboard“, а ги следат повеќе од 30.000 луѓе.
Иако многу луѓе не би се осудиле да живеат на овој начин, секојдневно им се восхитуваат поради нивната храброст, но и поради тоа што таквиот простор максимално го искористиле и го приспособиле на своите потреби.
Така, нивниот нов дом содржи добро опремена кујна со трпезарија, дневна соба со камин, голема бања и брачен кревет на извлекување во спалната соба. Домот го надополнуваат и уреди како машина за перење алишта и скара.
Керолајн навела дека нивниот брод чинел околу 230.000 евра, што е пониска цена од еднособен стан, но и дека нивните трошоци за живот се значително помали од трошоците што ги имале кога живееле во куќа. Неговата цена е малку повисока бидејќи има електричен погон, но троши помалку.