(Фото) Вложила многу љубов, 6 години и милиони долари: Домот на Ева Лонгорија не е само уште една луксузна куќа на познатите

Кармин

08/06/2023

13:30

5.039

Големина на фонт

а а а

Иако станува збор за скапоцена недвижнина, куќата во која актерката го основала своето семејство со сопругот не е само уште една луксузна недвижнина.

Американската актерка со мексиканско потекло – Ева Лонгорија (47), која е горда сопственичка на повеќе луксузни недвижнини, подготвена е да се откаже од раскошната вила во Лос Анџелес, доколку некој ѝ плати речиси 23 милиони долари.


Ѕвездата на серијата „Очајни домаќинки“ и нејзиниот сопруг, познатиот продуцент Хосе Бастон (54), во март годинава ја ставија на продажба својата вила која се простира на повеќе од илјада квадрати, потоа има тениски терен, базен, помала кабина, видиковец...

Парот оваа недвижнина ја купил во 2017 година за 13,5 милиони долари, а изминативе години „макотрпно ја декорирале со вкус и внимание“, пишува „Compass“.

И, навистина иако е очигледно дека баш секој детаљ во куќата е скапоцен, таа изобилува со детали кои укажуваат на мирен семеен живот, топлина во домот, на тоа дека во неа се поминати многу прекрасни моменти и дека Ева се потрудила баш сè да биде подредено за уживање на нејзиното семејство.


Така во елегантната трпезарија се наоѓа постер од панда, а на сите страни има украси во облик на срца и шаренило.

Зад црвената врата во медитерански стил се наоѓа претсобјето кое потсетува на галерија затоа што во него се изложени многу уметнички дела, како и скулптурални скали. Осветлувањето е неверојатно во целата вила, а дневната соба има плафони со греди и гледа кон луксузниот базен.


Тука е и свечената трпезарија, потоа библиотеката со француски врати, модерно опремената и огромна кујна.

Во куќата на Ева Лонгорија се наоѓаат осум спални соби, потоа сала за дегустација на вина, теретана, просторија за гледање телевизија, неколку неоткриени и целосно отворени тераси.


И, додека чекаме некој да понуди 22,8 милиони долари, колку што бараат актерката и нејзиниот сопруг за оваа недвижнина, уживајте во фотографиите на куќата во која тие поминале шест прекрасни години и го дочекале синот Сантијаго.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk