Има седум деца и исто толку докторати: Ова е катарската Џеки Кенеди, модна икона и „сопруга број 3“ на емирот

Кармин

01/07/2022

13:30

11.403

Големина на фонт

а а а

Неа „Vogue“ ја смести во петте најдобро облечени жени на светот, а таа покрај истанчениот моден вкус има и седум докторати.

Шејха Моза Бинт Насер е сопруга на катарскиот емир Хамад бин Калифа Ал Тани, а нејзината приказна е многу интересна.

Шејха е негова трета сопруга, но би можело да се каже дека е и најсакана. Нејзиниот син Тамим е прогласен за престолонаследник, иако не е првородено дете, а покрај него има уште четворица синови и две ќерки.

Таа често се појавува во јавноста и секогаш го следи сопругот на неговите службени патувања, па така и го привлекла вниманието на себе, со својот изглед, став и однесување.

Кога во 1977 година се венчала за катарскиот емир, таа имала само 18 години и била студентка на Универзитетот во Катар, дипломирала социологија девет години подоцна.

Таа е многу посветена на социјалната работа, но и фондацијата на својот сопруг која изградила бројни факултети, а посветената работа на Шејха ѝ донела и седум почесни докторати.


Некои ја нарекуваат втората Џеки Кенеди, додека пак се претпоставува дека таа во гардероберот има вистинско модно богатство.

Познато е дека во јавноста секогаш облекува модни парчиња од познатите модни куќи, како што се „Chanel“, „Dior“, „Givenchy“ чии модни парчиња достигнуваат цена и до 30.000 долари, а тоа што е специјално креирано за неа чини и до 100.000 долари.

Оваа жена е активна во многу организации, вложува во своето знаење и во науката, им помага на децата и демократските организации.

Најмногу внимание, освен со изгледот привлекла и со своите говори во големите општествени институции и јасните ставови кои ги кажала.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk