Трансродовата манекенка за дисквалификацијата од изборот за Мис на САД: „Не беа подготвени за жена како мене“

Кармин

03/12/2021

09:50

10.500

Големина на фонт

а а а

Каталонија Енрикез, трансродова манекенка, дисквалификувана е од изборот за Мис на САД.

Таа рекла дека ѝ било чест да биде дел од натпреварот и дека е дисквалификувана бидејќи не биле подготвени за жена како неа.

„Бев среќна бидејќи им служев како пример на децата дека не мора да бидат ограничени со социјалните стандарди. Дисквалификацијата на почетокот ме шокираше бидејќи задлудно напорно работев. Сепак, сфаќам дека едноставно не беа подготвени за мене“, рекла Енрикез за „Yahoo Life“.

Дисквалификувана е пред 16-от круг на споменатиот натпревар. Круната ѝ припаднала на Ел Смит, новинарка од Кентаки. Таа на 12-ти декември ќе се натпреварува за Мис Универзум во Еилат, Израел.

„Сигурна сум дека мојата уникатност наскоро ќе биде препознаена“, рекла Енрикез.

Таа на почетокот на оваа година била крунисана за Мис Невада, откако победила 21 натпреварувачка на манифестација во Лас Вегас, пренесува „NBC News“.

Избор за Мис Универзум, во кој спаѓа и Мис САД, првпат им дозволил на трансродови лица да се натпреваруваат уште во 2012-та година. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk