[ФОТО] Легендарната манекенка од 90-тите не старее: Новите фотографии предизвикаа само восхит

Кармин

14/10/2025

16:25

636

Големина на фонт

а а а

Се чини дека Кејт Мос не знае за време затоа што во најновата кампања на модниот бренд изгледа како допрва да зачекорила во светот на моделингот.

Легендарната манекенка од 90-тите Кејт Мос блескала на кампањата од брендот за луксузен накит „Kismet by Milka“.

Таа за оваа прилика носела струкиран црн фустан, а под него, апсолутно ништо.

Овој секси фустан ја нагласил нејзината витка фигура, а стајлингот го надополнила со златни аксесоари – сведени обетки и ѓердан со интересни детали.

Се чини дека Кејт обожава голи фустани затоа што и на модната недела во Париз носела еден таков. Сепак, овој избор ѝ се „одбил од глава“ затоа што градите ѝ се гледале.

Шминкерот за оваа кампања од брендот одлучил да користи комбинација на златни и земјени тонови. Шминката била во знак на природни и сведени бои кои ја истакнале нејзината природна убавина.

Нејзиното издание многумина ги навело да помислат – дали легендарната манекенка од 90-тите знае за времето?



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk