[ФОТО] Секогаш драматична, но никогаш здодевна: Tаа не е обична манекенка…

Кармин

15/10/2025

16:00

387

Големина на фонт

а а а

Коко Роча уште еднаш докажала дека стилот и модата се составен дел од нејзиниот живот. Таа носела креација од која застанува здивот.

Канадската манекенка Коко Роча е една од најистакнатите фигури во светот на моделингот. Ја краси специфична убавина, но и драматичните креации кои бира да ги носи за големите настани.


За разлика од манекенките кои само ги „носат“ гардеробите од дизајнерите, канадската манекенка на своите модни комбинации им дава живот и цел.

Секое нејзино појавување на црвениот тепих е добро осмислено, а позата за фотографирање е своевиден перформанс.

Коко неодамна блескала на црвениот тепих на „DKMS“ гала-вечерта во Њујорк, а за таа прилика носела впечатлива црвена креација од дизајнерот Кристијан Сириано.


Како што може да се види, фустанот на едното рамо го краси сирена крој и предимензиониран детаљ од тул во горниот дел. Тој ја истакнал неверојатната фигура и сензационалната поза на манекенката на овој настан.

Друштво на црвениот тепих ѝ правеле децата кои верно ја следеле својата мајка.


Девојчињата, баш како мајка им носеле фустани од спомнатиот дизајнер, додека пак момчето носело интересен црн костум со цветни детали.

Судејќи по фотографиите, децата се приспособиле на нивната мајка, па се чини дека ова било семејно позирање на црвениот тепих.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk