[ФОТО] Драстичната трансформација на холивудската актерка ги збуни обожавателите: „Како е можно тоа да е истата личност“

Кармин

14/10/2025

14:00

764

Големина на фонт

а а а

Актерката Менди Мур ја изненади јавноста со новиот изглед на доделувањето на наградите „Step Up’s 2025 Inspiration Awards“, што се одржа на 26 септември во Културниот центар „Скирбол“ во Лос Анџелес, пренесе „Page Six“.

41-годишната ѕвезда од серијата „This Is Us“ позирала на црвениот килим во бела свилена блуза, црно мини здолниште, хулахопки и чевли со шпиц. Изгледот го надополнила со смел црвен кармин и мали златни обетки.


Реакции на социјалните мрежи

Нејзината трансформација не поминала незабележано, а обожавателите набрзо ги преплавија социјалните мрежи со збунети коментари за нејзиното променето лице.





„Навистина сум збунета. Не можам да разберам како може ова да биде истата личност. Менди Мур беше таква природна убавица, зошто се подложила на естетски зафати до тој степен што е непрепознатлива“, напишал еден корисник на Икс.

„Извинете, но дали некој друг ја видел Менди Мур во последно време?!!?!?! Ова е толку далеку од нејзиното лице со кое е родена???“ се пошегувал друг корисник.

„Што, по ѓаволите, се случило со Менди Мур? Дали е тоа воопшто истата личност? Се работи за разлика од буквално неколку месеци“, коментирала уште една корисничка на Икс, споделувајќи една до друга фотографии од трансформацијата на актерката.

„Апсолутно нема шанси тоа да е Менди Мур“, додаде уште еден корисник.


Интересно е што пејачката и актерка само минатата година изгледала значително поинаку и повеќе наликувала на „старата Менди“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk