Рафаел Надал и неговата сопруга Марија Франциско Перело, попозната како Чиска, ги доживуваат едни од најубавите моменти во животот.
Парот неодамна бил на семеен собир со нивните синови, тригодишниот Рафаел и бебето Мигел, кое се роди оваа година.
На фотографиите што Надал ги сподели на Инстаграм, тенисерот покажа како изгледал семејниот ручек во ресторанот „Са Пунта“ во Порт Верде.
„Семејно време на Мајорка“ напиша Надал под фотографијата на која позирал со својот син Рафаел и бабата Изабел, која има 94 години.
На фотографијата може да се види Рафа како нежно го прегрнал постариот син, додека сопругата Марија го држела в раце малиот Мигел, кој има само неколку месеци.
Ова е првата јавна семејна фотографија на која Рафа и Марија се заедно со двата сина и поголемиот дел од семејството Надал, односно со родителите на тенисерот Себастијан и Ана Марија, како и сестрата Марибел.
Покрај нив на фотографијата можат да се видат и други познати членови на семејството Надал – Тони Надал, долгогодишен тренер и ментор на Рафаел, и Клаудија Надал, ќерка на пензионираниот фудбалер Мигел Анхел Надал.
Иако не е познато зошто се собрало целото семејство, во последните месеци Надал имал неколку добри причини за славење. Нивниот постар син Рафаел го прославил својот трети роденден на 8 октомври, а само неколку дена подоцна Рафа и Марија Франциска ја прославиле својата шеста годишнина од бракот, додека двајцата се заедно повеќе од дваесет години. Иако најчесто го држи својот приватен живот подалеку од јавноста, во последните години Надал поотворено говорел за семејство и татковство.
„Враќањето дома и гледањето како мојот син расте секој ден ми дава сила, волја и животна енергија да продолжам понатаму“ рече Надал во емотивно видео со кое го најави неговото повлекување од професионалниот тенис.
Во разговор со новинарката Ана Пастор, Рафа зборувал и за тоа дали би сакал неговиот син да ги следи неговите стапки:
„Ме боли да го кажам тоа, бидејќи тенисот ми даде сè во животот… Ако сака да игра тенис, ќе го поддржам сто проценти, но ако избере друг спорт, уште подобро“.