Ариана Гранде проговори за ПТСН и траумата после терористичкиот напад во Манчестер

Кармин

12/04/2019

14:28

1.893

Големина на фонт

а а а

Ариана Гранде проговори за траумата која ја доживеа после терористичкиот напад за време на нејзиниот концерт во Манчестер, во мај, 2017-та година.

Пејачката на Инстаграм-стори ги сподели последиците од тој настан, односно три снимки кои им ги испратила на пријателите во групен разговор.

„Не е шега“, напишала покрај фотографијата на која еден покрај друг се наоѓаат „здравиот мозок“ и „мозок со ПТСН“. Иако се работи за црно-бела снимка, јасно може да видиме дека мозокот на Ариана има голем број на истакнати области, барем двојно повеќе од просекот.


Непознато е кога пејачката била подложна на пребарувања и за каква цел. Но, многу од нејзините фанови се згрозени од очигледните ефекти на ПТСН, врз нејзиното ментално здравје.

Минатиот јуни, Ариана искрено зборувала за својата анксиозност и „симптомите на ПТСН“, а за британскиот Вог рекла дека нејзините вртоглавици и параноја ѝ се појавиле после нападот.

View this post on Instagram

?

A post shared by Ariana Grande (@arianagrande) on

„Тешко ми е да зборувам за тоа, бидејќи многу луѓе доживеаа огромни загуби, но да, станува збор за сериозна состојба. Знам дека тие семејства се и мои фанови и дека сите кои беа на концертот исто така доживеале ПТСН. Времето е најголем фактор. Мислам дека воопшто не би требало да зборувам за тоа искуство и дека не треба ништо да коментирам. Мислам дека никогаш нема да можам да зборувам за тоа без да плачам“, рекла Ариана. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk