Блејк Лајвли е загрижена за своите деца: Толку се истрауматизирани од драмата со Балдони што повеќе не излегуваат од дома

Точка

20/02/2025

15:28

1.519

Големина на фонт

а а а

Блејк Лајвли е загрижена за своите деца. Актерката тврди дека нејзината правна драма со Џастин Балдони го уништува нејзиното семејство, пренесува „Пејџ сикс“.

Познато дека нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс веќе е силно вклучен во тужбата, но сега се тврди дека тензијата што ја доживува Блејк ги погодила и нејзините деца – Џејмс (10), Инез (8), Бети (5) и Олин (2).

Во врска со тоа, актерката во вторникот ја измени тужбата што ја поднесе пред федералниот суд во Њујорк, наведувајќи дека тие се „трауматизирани од правната битка“.


Лајвли тврди дека нејзините деца биле „емоционално се погодени на начини што значително влијаеле на нивната благосостојба, додека таа се борела да ја контролира нивната болка“. Таа се пожалила и дека има симптоми на стрес како анксиозност, а познато е дека Рајан Рејнолдс претходно се пожалил дека и тој е „погоден“ психички и физички.

Во тужбата е објаснето дека драмата што постојано предизвикуваа медиумско внимание е толку интензивна што таа „се борела и не можела да стане од креветот“ неколку дена.


Според странските медиуми, Лајвли во последно време не е видена надвор од својот дом во Њујорк и пропуштила неколку модни настани, како што е ревијата на Мајкл Корс, на која вообичаено присуствува. Сепак, таа неодамна присуствуваше на забава на „Сатрдеј најт лајф“ заедно со Рејнолдс, каде што се шегуваа за правната драма со Балдони.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk