Кејт Мидлтон „удрила по подот со ногата“ и одлучила да спречи таа и нејзините три деца, да учествуваат во вековен кралски „крвав“ ритуал, пренесува „Њујорк пост“.
Според новата книга на кралскиот автор Том Квин, насловена „Да, госпоѓо – тајните животи на кралските слуги“, долгогодишната традиција налага членовите на монархијата да ги мачкаат лицата со крв по нивното прво ловење на лисици или елени.
Сепак, принцезата од Велс (43) била категорична дека принцот Џорџ (11), принцезата Шарлот (9) и принцот Луис (6) нема учествуваат во овој ритуал.
„Снаата на Чарлс, Кетрин, принцезата од Велс, „удри со ногата“ и инсистираше дека нема да има крв за нејзините деца“, изјавил Квин за „Дејли мејл“, додавајќи дека принцот Вилијам и неговиот отуѓен брат, принцот Хари, исто така учествувале во традицијата.
Ова не е првпат Квин да ја нагласи желбата на кралското семејство да се оддалечи од ритуалот. Во својата книга од 2023 година, насловена „Позлатена младост“, авторот опиша како Вилијам сакал семејството да биде во чекор со времето кога станува збор за лов.
„Вилијам сака да пука – љубов што ја споделува со својот татко – но тој исто така е свесен дека плимата сега се врти против она што многу луѓе сега го нарекуваат крвави спортови. Но, дали тие се погодни за Џорџ, Шарлот и Луис?“ напишал тогаш Квин.
Принцот Хари, од друга страна, претходно го опиша своето искуство со ловот во неговите мемоари „Резерва“ од 2023 година, кои впрочем и го прекршија протоколот. Војводата од Сасекс (40) се присети на својот водич за лов, Сенди како го притискал лицето во раната од стомакот на еленот што го застрелал за време на „крвавиот“ ритуал во замокот Балморал во Шкотска – локација која оттогаш го забранува ловот.
„Тој нежно ја стави раката зад мојот врат и… ја турна мојата глава во трупот. Се обидов да се оттргнам, но Сенди ме турна подлабоко. Бев шокиран од неговата луда сила. И од пеколниот мирис. Појадокот скокна од мојот стомак. По една минута не можев да почувствувам ништо, бидејќи не можев да дишам. Носот и устата ми беа полни со крв, утроба и длабока и вознемирувачка топлина“, опишал принцот Хари.
Откритијата ја натераа групата за права на животните ПЕТА да го осуди прогонетиот крал за неговите графички описи на тешкото искушение. Сепак, Хари рече дека „чувствувал голема гордост“ што „бил добар со тој елен“ со тоа што го убил со еден истрел за да не чувствува болка. Тој додаде дека тоа е само „покажување на почит кон убиениот“, како и „чин на солидарност со убиецот“.