[ВИДЕО] Трансродовата ќерка на Илон Маск, за која тој вели дека ја убил вирус дознала дека татко ѝ добил 13 дете и нејзината реакција е поразителна за целото семејство: Парите не го решаваат овој раздор

Кармин

17/02/2025

20:30

5.508

Големина на фонт

а а а

Инфлуенсерката Ешли Сент Клер неодамна изјави дека има дете со Илон Маск, што би значело дека милијардерот станал татко по 13-ти пат. Во оваа прилика се огласи неговата трансродова ќерка Вивијан Џена Вилсон која се откажа од неговото презиме и со која е во исклучително лоши односи.

Нејзината објава докажува колку е комплицирана ситуацијата во семејството.

Во видеото го користела популарниот ТикТок исечок од цртанот „Phineas and Ferb“, па додала натпис: „Уау, доколку добивав паричка секој пат кога на  „Редит“ ќе дознаев дека имам полубрат или полусестра, ќе имав две парички. Што не е многу, но необично е тоа да се случи двапати, напиша таа и додала дека не е сигурна колку браќа и сестри навистина има за тоа да може да го користи во играта „Две вистини и една лага“. 


Најбогатиот човек на светот ја има ќерката Вивијан со својата прва сопруга, канадската писателка Џастин Вилсон, со која го има и синот Грифин (брат близнак на Вивиен Џена Вилсон) и тројките Каи, Саксон и Демијан.

Ќерката на Илон Маск, која некогаш ја нарекуваа Хавиер, се откажа од презимето на нејзиниот татко и се прогласи за трансродова. На судот му било кажано дека тој не сака да биде во никаково сродство со својот татко.

Вивијан во изјава за „Ен-би-си“ во јули 2024 година проговори за нејзиниот татко кој изјавил дека „таа не е девојче и дека вирусот на буден ум ја убил“, бил „измамен“ да и го одобри медицинскиот третман кога имала 16 години.


„Мислам дека тој претпоставуваше дека нема да кажам ништо и дека сè ќе остане без одговор. „Што нема да се случи, бидејќи ако отворено лажете за мене пред милионската публика, нема да дозволам да помине така“, рече таа и додаде:

„Тој е бесчувствителен и нарцисоиден човек. Бев четврто одделение. Отидовме на патување за кое не знаев дека всушност е само реклама за еден од автомобилите, не се сеќавам на кој, а тој постојано ми викаше бидејќи гласот ми беше превисок, беше суров“.

Маск зборуваше за Вивијан на прилично контроверзен начин и нема знаци дека нивната врска ќе се подобри.

Милијардерот го дочека своето трето дете во јуни 2024 година со извршната директорката на „Neuralink“, Зилис, кој работи во неговата компанија за мозочни импланти, а близнаците Страјдер и Азура ги доби во 2021 година. Тој има три деца со пејачката Грајмс, синовите Икс, Техно Механикус и ќерката Екса, која е родена од сурогат мајка.


Илон Маск неодамна се појави со своите три деца во Белата куќа, што предизвика бурни реакции во јавноста.

Појавувањето на Вивијан укажува на голем раздор во семејството, неговиот однос со ќерката е сосема спротивен од неговиот однос со остатокот од семејството, дури и ако тој така се претставува во јавноста.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk