Соња (57) и Марко (69) Миротиќ од Црна Гора го очекуваат своето прво дете по 22 години борба за потомство, а нивната приказна за истрајност го освои регионот.
Имено, Соња и Марко од Грбавац кај Подгорица ја споделија својата приказна за црногорскиот „Дан“, а нивната неверојатна борба за потомство вроди со плод после 22 години.
Во брак се 23 години, а во април го очекуваат првото дете. Тие открија дека нивната желба е да ги охрабрат сите парови кои се двоумат дали да ја продолжат борбата за потомство.
„Ако ме послужи здравјето, ќе продолжиме понатаму“, изјави Соња.
Таа додаде дека им порачува на сите парови кои минуваат низ слична борба да веруваат дека тоа сепак е можно.
„Прво, треба да веруваат во себе и во партнерот и да имаат огромна желба за тоа. Можеби ќе им се случи да помислат дека треба да се откажат, тоа е нормално, тоа е психата, но тоа е и удар по нивниот џеб, но само нека бидат упорни и веројатно ќе им се оствари желбата. Оние кои веруваат во чуда создаваат чуда. Нека не се откажуваат“, рече таа.
Во борбата за потомство сопружниците побарале стручни совети од лекари во многу земји, а имало и моменти кога губеле надеж. Сепак, тие верувале дека нивната желба ќе се оствари.
„Никогаш нема да го заборавам моментот кога мојот сопруг дојде и ги донесе резултатите. Ги видов бројките и почнав да скокам од среќа, да плачам, да викам, да се смеам. Марко едвај ме смири. Веднаш му се јави на внукот, а потоа му кажа дека неговата стрина е бремена. Тоа беше прекрасен момент“, се присети Соња.
Меѓутоа, таа исто така откри дека лекувањето и третманите барале многу пари, време и труд, но дека на крајот успеале со поддршка од пријателката која ги охрабрувала.