Гризот е една од омилените намирници во детството. Полн со протеини, јаглехидрати и растителни влакна, исто така е одличен за процентот на масти што ги содржи
Ако сакате да направите лесен појадок или ужина, комбинацијата на гриз со банани ќе ги воодушеви вкусовите - и младите и старите.
• 0,5 л млеко;
• 200 гр гриз;
• 200 гр банани;
• 2 ванилин шеќер;
• 3 лажици шеќер.
Истурете го млекото во сад и загрејте го на средна топлина. Потоа додадете шеќер, ванилин шеќер и мешајте додека состојките не се соединат. Постепено додавајте гриз и мешајте додека не се згусне. На крајот додадете ги бананите исечени на парчиња, сè нежно измешајте и истурете во соодветен сад за сервирање. Послужете разладено.