[ФОТО] Патничка родила бебе на летот од Дакар за Брисел

Точка

20/02/2025

17:53

1.114

Големина на фонт

а а а

На летот на „Brussels Airlines“ од сенегалскиот главен град Дакар кон Брисел, патничка родила девојче пред неколку денови, објави авиокомпанијата.

Жената, која била во 32-та недела од бременоста, набргу по полетувањето почувствувала силна болка во долниот дел на стомакот и побарала помош од екипажот. За среќа, меѓу патниците имало лекар и медицинска сестра кои ѝ помогнале на патничката. „Мојата прва мисла беше: Ох, не, таа нема да се породи во авион“, изјави 22-годишната медицинска сестра за весникот „Brussels Morning“.

Девојчето го нарекле Фанта

Пилотот го свртел авионот, меѓутоа набргу подоцна, на патничката ѝ пукнал водењакот и почнале породилните болки. „За среќа, сè помина без проблеми. Жената навистина добро се држеше. Се породи во авион без лекови против болки“, додаде медицинската сестра. Се родило девојче кое го доби името Фанта.


Авиокомпанијата на социјалните мрежи објави фотографија од среќната стјуардеса со новороденче в раце, додека мајката на девојчето лежела до неа. „Добредојде на овој свет, малечка Фанта. Се надеваме дека еден ден повторно ќе патуваш со нашите авиони“, стои под фотографијата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk