[ФОТО/ВИДЕО] Тренингот на Иванка Tрамп: Првата ќерка се занимава со спорт кој жените го избегнуваат, а најдобро го затега телото

Кармин

14/02/2025

17:32

1.705

Големина на фонт

а а а

Најстарата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, Иванка Трамп, сподели фотографија од теретана на социјалните мрежи, покажувајќи го својот затегнат стомак и посветеноста на здравиот начин на живот.

„Да се држите до новогодишните одлуки не е лесно – само 23 отсто од луѓето успеваат да ги задржат во текот на првата недела. (Мене многупат ми се случи да ги прекршам)“, признала таа во описот на објавата.

„Но, секој ден е нова можност да се посветиме на нашите цели и да останеме доследни. Се чувствувам посилно и помотивирано со почетокот на февруари – одиме понатаму! Силно тело, силен ум!“


Иванка за тренингот носела бел спортски градник, сини велосипедски хеланки и бели патики, додека нејзината опрема вклучуваше црни ракавици и слушалки. Изгледала природно, без шминка, со врзана коса во опавче, додека позирала насмеана во текот на паузата помеѓу кревањето тегови од 30 килограми.

Нејзините следбеници не го криеја воодушевувањето што таа останала доследна на режимот на вежбање и по јануари.


„Одличен начин за почеток на годината! Само напред!“, напишал еден обожавател, додека друг додал: „Дисциплината и доследноста секогаш се исплатат!“

Иванка во средината на јануари гостуваше во поткастот „Skinny Confidential“ и зборуваше за својот режим на вежбање. Покрај сурфањето, таа откри дека тренира и џиу-џицу, спорт кој во семејството го вовела нејзината 13-годишна ќерка Арабела.


„Тоа е одлично за сите. Движењата се толку прецизни што делуваат како подвижна медитација – како тродимензионален шах – објаснила гордата мајка на три деца“, пренесува „Телеграф“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk