[ФОТО] „Не знам како да продолжам понатаму“: Лионел Меси се прости од својот татко со срцепарателна објава, неговите зборови ја кинат душата

Точка

12/08/2026

20:19

915

Големина на фонт

а а а

Најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, остана без својот татко. Хорхе Меси почина по кратко боледување, за кое се дозна непосредно пред Меси да замине на Светското првенство во САД, Мексико и Канада со репрезентацијата на Аргентина, каде што во финалето по продолженијата беше поразен од Шпанија со 0:1.

Првпат по загубата, Меси се огласи на социјалните мрежи и во емотивна порака се обиде да му пренесе на светот колку му е тешко во овие моменти.

„Тато, сè уште не можам да поверувам дека те нема. Сè уште не ми стигнало до главата, или подобро кажано, не сакам да допре. Толку ми е тешко да замислам дека никогаш повеќе нема да те видам, дека никогаш повеќе нема да разговараме. Знам дека се мачеше и дека вака е најдобро, но нè напушти прерано. Имавме уште толку многу нешта во кои требаше заедно да уживаме“, напиша Меси, кој сега откри и дека за Аргентина настапувал токму на наговор на својот татко.



„Постојано ме молеше да одиграм уште едно Светско првенство, а само неколку дена пред да започне, состојбата ти се влоши. Тоа беше првпат да не бидеш со мене на некој турнир, но мама постојано ми велеше дека ќе ти биде подобро и дека ќе бидеш доволно добро за да отпатуваш. Јас постојано ти повторував дека ќе стигнеме до финалето за да можеш да дојдеш. По секој натпревар ја чекав твојата порака и ми недостигаше, тато. Тогаш сфатив колку всушност е сериозна ситуацијата. Сепак, не можев да престанам да размислувам за тоа да стигнеме што подалеку, за да ти дадам повеќе време и можност да погледнеш барем еден натпревар“.

„Стигнавме до финалето, но ти не можеше да бидеш таму. Сакав да победам за да ти го донесам трофејот и да ти покажам уште еден. Не успеав. Нозете едноставно повеќе не ме слушаа. Овојпат се обидов да ги надминам границите на она што моето тело може да го поднесе, но не можев. Ниту во еден момент физички не се чувствував како што треба“.


„Сето ова ти го кажувам затоа што тоа беше единственото нешто за кое не стигнавме да разговараме. Сè друго веќе го знаеш. Се слушавме секој ден и се гледавме секогаш кога обврските ми го дозволуваа тоа. Не знам што ќе правам без тебе. Не знам како да продолжам понатаму. Целиот живот само играв фудбал, а сега сериозно се сомневам дали уште долго ќе го правам тоа. Беше покрај мене од самиот почеток, а толку малку остана до крајот. Зошто не можеше да издржиш уште само малку, па да го завршевме тоа заедно?“.

„Знам дека твојата среќа произлегуваше од тоа што гледаш дека твоето семејство е добро – твојата сопруга, твоите деца и, пред сè, иако никој друг не го знае тоа, гледајќи ме мене како играм... Така беше уште од најмала возраст. Ме носеше на секој тренинг штом ќе дојдеше од работа. Мама ме носеше на многу од нив затоа што ти работеше“, напиша Меси и додаде дека никогаш не пропуштил ниту еден натпревар.


„Беше мој татко, мој пријател и мој застапник. Секогаш точно знаеше кој треба да бидеш во кој момент и никогаш во ништо не погреши. И покрај некои караници или несогласувања, секогаш беше во право. На крајот, работите секогаш ќе завршеа онака како што ти велеше дека ќе завршат. Многу ќе ми недостигаш, но секогаш ќе бидеш присутен, особено во начинот на кој ги воспитувам моите деца, бидејќи ги учам и ги воспитувам онака како што ти и мама ме воспитувавте мене. Почивај во мир и чувај нè одозгора, токму како што го правеше тоа и овде. Ти благодарам за сè“, стои во неговата срцепарателна објава.