Витиња го изостави Јамал и ги наброја петте главни фаворити за „Златната топка“

Дерби

12/08/2026

07:49

504

Големина на фонт

а а а

Луис Енрике на еден од последните тренинзи на ПСЖ јасно стави до знаење дека Фабијан Руиз ја заслужува „Златната топка“ после освоените титули во Лигата на шампиони и Светското првенство, а во таа насока оди и размислувањето на Витиња, кој пак во потесен круг стави уште двајца соиграчи.

Португалскиот играч за врска не се сместува себе меѓу топ петте најдобри играчи во светот, но затоа посочи уште двајца соиграчи, и по една ѕвезда од Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Во своето набројување, Витиња го изостави Јамал и воопшто не ја спомена младата ѕвезда на Барселона, за која очигледно смета дека се уште има доволно време пред да конкурира за најпрестижното индивидуално признание.

– Има многу добри играчи кои можат да ја освојат „Златната топка“ оваа година. За мене, нормално би било тоа да биде член на ПСЖ. Би кажал Кварацхелија поради неверојатната сезона која ја имаше во Лигата на шампиони, Усман Дембеле поради добрите настапи, или Фабијан Руиз кои освои се што може да се освои.

– Јас би бирал еден од тие тројца играчи како победник, но има и други врвни фудбалери како Кејн и Мбапе кои исто така го заслужуваат признанието. Сепак, јас би гласал за играч на ПСЖ, – вели Витиња.