Шпанец за Шпанец: Чаби ја доби посакуваната замена за Кукурелја од Ла Лига

Дерби

12/08/2026

13:30

320

Големина на фонт

а а а

Чаби Алонсо остана без Марк Кукурелја уште пред да има можност да разговара со шпанскиот репрезентативец, а откако се потврди неговиот трансфер во Реал Мадрид, Челси како клуб беше во постојана потрага по негова замена.

Истата и официјално завршува ова попладне за клубот од Лондон, откако Чаби Алонсо и дефинитивно го доби играчот кој самиот го посочи како идеална замена за извонредниот Кукурелја.

Алонсо реши да пазари од Рајо Валјекано и ангажираше лев бек кој воопшто не е скап за британски услови, па така денеска беше претставен Пеп Чаварија како ново летно засилување за „сините“.

Челси плати фиксни 19 милиони евра за ангажманот на левиот бек, а операцијата може да достигне максимални 21 милион ако се остварат одредени бонуси.

– Дојдов тука благодарение на Чаби, за мене, тој е еден од најдобрите тренери во овој момент. Навистина сум среќен што се приклучувам на еден од најдобрите клубови во светот.

– Како играч би се опишал со неколку зборови. Јас сум фудбалер кој сака да напаѓа, да се брани, да оди од шеснаесетник до шеснаесетник и мој заштитен знак е интензитетот. Внесувам голема енергија на теренот и тоа е мојот најголем квалитет, – изјави Чаварија.