Потврда за трансферот: Четири светски шампиони се вратија во Барселона, последниот се упати во друг правец

Дерби

12/08/2026

11:38

691

Големина на фонт

а а а

Ханси Флик од денеска ќе го има цел тим на располагање со враќањето на последните ѕвезди кои имаа најголема минутажа на мундијалот, па со враќањето на Дани Олмо, Педри, Кубарси и Ламин Јамал се става крај на летниот одмор во редовите на каталонскиот гигант.

Пред денешното појавување на четирите ѕвезди, вреди да се напомене дека Гави, Ерик и Жоан Гарсија се вратија неколку дена порано бидејќи немаа некоја позначајна минутажа на Светското првенство, но исто така, денешната слика во тренинг комплексот на каталонците дава и своевидна потврда за тоа што е неизбежно.

Феран Торес е единствениот светски шампион кој не се врати во Барселона и кој воопшто нема да се враќа во Каталонија, а причина за тоа е најавениот трансфер во ПСЖ.

Напаѓачот кој донесе втора светска титула за Шпанија ги има договорено сите детали со ПСЖ и трансферот е пред сама реализација за сума од 50 милиони евра, а неговото непојавување на денешниот тренинг е само потврда за тоа.

Според првичните информации, Торес добил дозвола да не се појави на тренингот на Ханси Флик, па очекувањата се трансферот да биде потврден во текот на денешниот ден, или најдоцна утре.