Новата натпреварувачка сезона во Премиер лигата ќе стартува викендот на 21-ви август, а на неполни десет дена пред официјалниот почеток на новите возбудувања, легендите почнаа со свои прогнози за тоа кои тимови ќе се борат за врвот.
Ако се суди според првичните импресии и коментарите кои се даваат во јавноста, најмногу поддршка добива Арсенал како тим кој треба да ја одбрани титулата, но Питер Крауч реши да оди и чекор подалеку и да направи поредок од топ 4 во англиската елита.
Поранешниот напаѓач го смета Арсенал за апсолутен фаворит за трофејот, а во првите четири ги смести уште Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Челси.
– Артета го испорача тоа што го бараа долго време. Ја освои Премиер лигата и тимот играше во финалето во Лигата на шампиони. Без размислување типувам на Арсенал како освојувач на титулата во новата сезона. Очекувам интересна сезона, но Арсенал е најдобар тим во лигата за мене.
– Ќе типувам дека Арсенал ќе освои, Сити дека ќе заврши втор, Манчестер Јунајтед трет, а Челси на четвртото место, – изјави Крауч кој ги остави своите два поранешни клуба Ливерпул и Тотенхем надвор од топ четири.








