[ВИДЕО] Вакво нешто сè уште не сме виделе: Полски борец го нокаутираше противникот, па запали џоинт во кафезот

Точка

27/07/2026

18:11

295

Големина на фонт

а а а

„MMA“ настанот „DWN 10“, кој викендов се одржа во полскиот град Гливице, донесе несекојдневна сцена што за кратко време стана вистински хит на социјалните мрежи.

Домашниот борец Бартломиеј Сковира во втората рунда со нокаут го совлада Пабло Моура, но многу повеќе внимание од самата победа привлече неговото славење.

Веднаш по завршувањето на борбата, Сковира се искачи на оградата од кафезот, од шорцовите извади нешто што наликуваше на џоинт, како и запалка, а потоа го запали пред публиката.

Потоа неколку моменти мирно седеше на оградата и пушеше, како да се наоѓа на тренинг, а не на професионален „MMA“ настан. Неговиот потег предизвика изненадување кај присутните и експресно се најде меѓу најнеобичните прослави на победа што досега се видени во овој спорт.,

Социјалните мрежи веднаш го споредија со браќата Дијаз

Видеото од прославата брзо стана вирално, а бројни љубители на боречките спортови повлекоа паралела меѓу Сковира и браќата Ник и Нејт Дијаз, кои со години се познати по тоа што отворено се залагаат за употреба на марихуана.

Сепак, полскиот борец отиде чекор подалеку. Додека браќата Дијаз својот имиџ на бунтовници го градеа во текот на кариерата, Сковира својата порака ја демонстрираше така што запали џоинт среде кафезот, веднаш по победата.

Триумфот над Моура му ја донесе шестата победа во професионалната кариера, покрај петте порази. Сепак, резултатот остана во сенка на прашањата што се отворија по мечот – како успеал да внесе џоинт и запалка во кафезот и дали целиот потег бил однапред испланиран за да привлече внимание од јавноста.