Чаби со порака до Арсенал: Тешко дека ќе најдат подобар играч

Дерби

27/07/2026

14:50

493

Големина на фонт

а а а

Наддавањето за Морган Роџерс достигна 117 милиони фунти и Челси комплетираше британски трансфер рекорд со ангажманот на фудаблерот на Астон Вила, а потврдата на овој ангажан донесе двојна радост на „Стемфорд Бриџ“ поради тоа што беше добиена битката со Арсенал.

Двата клуба од Лондон се бореа за потписот на англискиот репрезентативец, но Челси беше тој што се покажа поистраен и подобар во преговорите, но и во задоволувањето на желбите на фудаблерот.

Роџерс на промоцијата го нарече Челси најдобар клуб во Лондон, а со изјава за комплексноста на трансферот сега се јави и Чаби Алонсо, кој пак му порача на Арсенал дека тешко ќе најде подобро засилување од Морган на трансфер пазарот.

– Среќни сме од тоа што го добивме и ќе бидеме подготвени со Роџерс кога ќе дојде време за тоа. Сите кои играа на мундијалот ќе свратат малку подоцна, но свесни сме дека добивме огромно засилување. Добивме извонреден играч и сметам дека тешко е да се најде подобар играч од Морган на неговата позиција, тешко дека некој може да најде подобар, – изјави Чаби, јасно алудирајќи на Арсенал.

– Баравме таков профил на играч и го добивме. Тој ќе биде клучен играч за тимот и очекуваме да има експресно влијание. Со оглед на искуството кое го има во Премиер лигата, очекуваме експресно да се адаптира на новата средина и на нашиот ситем на игра, – изјави Чаби.