Ван де Вен ги предупредува ривалите по потрошените 237 милиони фунти: Ќе гледате еден нов Тотенхем

Дерби

27/07/2026

15:10

331

Големина на фонт

а а а

Тотенхем на драматичен начин избегна испаѓање од Премиер лигата и успеа да се спаси од голем срам, а фактот што беше добиената битката со Вест Хем ги запали сите аларми во клубот кога се во прашање нови идеи и нови играчи.

„Петлите“ тргнаа амбициозно на трансфер пазарот и потрошија импресивни 237 милиони фунти до оваа фаза од летото, преоден рок во кој успеаја да договорат дури шест засилување.

Матеус Фернандеш чинеше 85 милиони фунти, за Сандро Тонали се платија уште 100 милиони фунти, а Ван Хеке од Брајтон ја испразни клупската каса за уште 52 милиони фунти.

Покрај големите вложувања, Тотенхем успеа да договори и три слободни агенти како Енди Робертсон, Маркос Сенеси и Мартин Дубравка, а сите овие засилувања го тераат Мики Ван де Вен да испраќа оптимистички пораки пред новата сезона под водство на Роберто Де Ѕерби.

– Добро е што клубот сфати дека е време за промена. Се направија промени и тимот изгледа многу подобро. Сите гледаме дека клубот има огромни амбиции, сега ќе гледаме еден нов Тотенхем. Се донесоа нови играчи, но оние кои се тука подолго, уште еднаш се уверија во амбициите кои ги има клубот. Минатата сезона беше стресна за сите, тоа е неприфатливо за нас, но сега ќе гледаме еден нов Тотенхем.

– Очекувам целосно различна сезона, целосно различен пристап на игра со Де Ѕерби. Ќе биде поразлично од минатата сезона, тоа можам да го почувствувам уште сега. Де Ѕерби донесе нова енергија, а со новите играчи ќе бидеме уште подообри. Вистинско уживање е да се биде дел од неговите тренинзи и неговите замисли за фудбалската игра. Имам чувство дека овој тим е подготвен за големи резултати и се надевам дека тоа ќе го докажеме на терен, – изјави Ван де Вен.