Рома извиси за Самервил, но денеска обезбеди важно засилување од Серија А вредно 35 милиони евра

Дерби

27/07/2026

15:21

271

Големина на фонт

а а а

Рома не успеа да се носи финансиски со Ал Хилал и ја загуби битката со саудискиот клуб за Кришенсио Самервил, но многу брзо успеа да најде алтернатива и да се утеши со поевтина опција.

„Волчицата“ беше подготвена да плати 50 милиони евра и да го направи Холанѓанецот најскапо засилување во историјата на клубот, меѓутоа откако стана јасно дека тој се сели во Саудиска Арабија, Џан Пјеро Гасперини се насочи на втората опција.

Многу побрзо од очекувањата, Рома успеа да се договори со Болоња за трансфер на Сантијаго Кастро, па така ова попладне сите угледни инсајдери од Италија тврдат дека двата клуба веќе ги разменуваат документите.

Рома ќе плати 35 милиони евра за 21-годишниот напаѓач од Аргентина кој е тип на играч кој се совпаѓа со филозофијата на Гасперини, но уште подобро е што во целата ситуација ќе биде решен уште еден проблем.

„Волчицата“ во спротивен правец го испраќа Артем Довбик, напаѓач кој во новата сезона ќе игра како позајмен фудбалер во Болоња откако не успеа да се наметне во системот на Џан Пјеро.