Дали е ова можно: Арсенал му нуди на Винисиус неделна плата од 470 илјади евра

Точка

27/07/2026

07:19

346

Големина на фонт

а а а

Дали е можно еден од најдобрите светски фудбалери, Винисиус Жуниор, да го напушти Реал? Тоа е прашањето што си го поставуваат во Англија, но и во Шпанија, откако протече информација дека Арсенал е сериозно заинтересиран за услугите на Бразилецот.

Имено, англискиот првак по секоја цена сака да доведе една од најголемите светски ѕвезди, која влезе во последната година од договорот со Реал.


Дека нешто се „готви“ најдобро покажува веста што вчера ја објави англискиот „Telegraph“, а се однесува на можната плата што Винисиус би ја имал во Арсенал доколку се одлучи за преселба во Лондон.

Според истиот извор, таа би изнесувала околу 470 илјади евра неделно, што би била највисоката плата во историјата на клубот.

Охрабрувачки за „Топџиите“ е фактот што Винисиус веќе подолго време не успева да најде заеднички јазик со Реал околу продолжувањето на договорот.

Во досегашната кариера за Кралскиот клуб постигна вкупно 128 голови во сите официјални натпреварувања. Винисиус пристигна во Реал во 2018 година од бразилскиот клуб Фламенго, каде што уште како тинејџер важеше за еден од најголемите таленти во јужноамериканскиот фудбал. 

Во дресот на мадридскиот гигант освои бројни трофеи, меѓу кои и две титули во Лигата на шампионите, а со своите настапи се етаблираше како еден од најопасните крилни напаѓачи во светот.